Дома Трансфер зона Претера ли со своите барања? Кавани не е „ни ваму, ни таму“

Претера ли со своите барања? Кавани не е „ни ваму, ни таму“

Уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани одби да остане во ПСЖ и да се бори за Лигата на шампионите за да не го расипе неговиот нареден трансфер, меѓутоа медиумите сега пишуваат дека работите се промениле.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На големо се пишуваше дека следна дестинација на Кавани ќе биде Атлетико Мадрид. Меѓутоа од клубот соопштија дека поради пандемијата ос коронавирусот немаат доволно буџет за да ги исполнат неговите финансиски барања.

Кавани освен со Атлетико се поврзуваше со трансфер во Серија А, а како потенцијални дестинации се споменуваа Интер, Наполи и Рома. Но и тука се појави истиот проблем – никој не сака да му плаќа 12 милиони евра по сезона.

Сега изгледа како Кавани да остана на средина. Клубовите кои беа заинтересирани за него изгледа се откажаа, ПСЖ се спрема за Лигата на шампионите, меѓутоа Кавани не е со клубот и е на одмор.

Како се ќе заврши ќе видиме во наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…