Раководството на Наполи ќе направи нов обид да го продолжи договорот на својата ѕвезда Фабиан Руиз.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Актуелниот договор на Шпанецот со Наполи истекува во 2023 година, но Руиз со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се на Реал Мадрид и Барселона.
Италијанските медиуми тврдат дека Наполи нема лесно да се откаже од играчот за врска и му нуди нов договор со значително зголемување на платата.
Не е тајна дека Фабиан Руиз е на мета на Реал Мадрид, Барселона и Ливерпул, па поради тоа Наполи сака што е можно побрзо играчот да потпише нов договор.
Имено, Наполи му нуди на Шпанецот двојно поголема плата, односно 4 милиони евра по сезона.