Дома Фудбал Англија Ловрен го напушта Енфилд и заминува далеку од Англија

Ловрен го напушта Енфилд и заминува далеку од Англија

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Дејан Ловрен е пред заминување од Енфилд.

Иако со Ливерпул има договор до летото 2021. година, медиумите на Островот се убедени дека Ловрен ова лето ќе ја промени средината и веројатно кариерата ќе ја продолжи во Русија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Откако се пишуваше дека за Ловрен е заинтересирана Рома, сега во игра се вклучува и Зенит, кој бара партнер во одбраната на Бранислав Ивановиќ.

Русите веќе стапиле во контакт со представници на Ливерпул и се распрашуваат за евентуален трансфер, а останува да видиме дали на крајот ќе дојде до договор.

Ловрен во Ливерпул пристигна во 2014. година од Саутемптон, а со Црвените ја освои Лига на шампиони и Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Замената за Влаховиќ пристигна во Јувентус

Канадскиот фудбалски репрезентативец Џонатан Дејвид стана нов играч на Јувентус, што беше …