Дома Останати Ракомет И кога не е во клубот, работи за него: Карачиќ го препорачал Вардар на Вујин!

И кога не е во клубот, работи за него: Карачиќ го препорачал Вардар на Вујин!

Maрко Вујин е новото засилување за Вардар на бековската позиција и тој во тимот на Михајло Михајловски доаѓа како големо име.

Во интервју за српски „Журнал“ тој раскажа како дошло до соработка со Вардар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во последните три години Вардар два пати беше шампион на Европа и едвај чекам да заиграме во полна сала. Со Кил два пати гостував кај Вардар и се сеќавам во каква атмосфера игравме. Таму се „дише“ за ракомет. Го избрав Вардар да биде моја последна етапа во кариерата, се надевам и посакувам спортско здравје“.

„Додека преговаравме неколку пати разговарав со претседателот Михајловски и мојот впечаток за него е позитивен. Разговарав и со играчи кои играле во Вардар кога претходно беше во клубот. Игор Карачиќ ми кажа многу позитивни работи за клубот, градот, салата, условите…Влегувам во оваа авантура гладен за успеси и победи“, изјави Вујин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Готово: Интер потпиша со врвен напаѓач

Интер обезбеди големо засилување  за следната сезона, а тоа е напаѓачот на Порто, Мех…