Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Ајнтрахт постигнале договор за перманентен трансфер на Анте Ребиќ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хрватскиот репрезентативец пристигна минатото лето на двегодишна позајмица од Ајнтрахт Франкфурт, а Милан во замена го испрати Андре Силва во Германија.
Ребиќ во последно време се претвори во клучен играч за „росонерите“, па клубот започна преговори со Ајнтрахт.
Последните информации говорат дека двата клува постигнале комплетен договор и Милан ќе го откупи Ребиќ за 25 милиони евра плус бонуси.
Во наредните денови се очекува трансферот и официјално да биде потврден, а Хрватот ќе потпише 4-годишен договор со „росонерите“.