Дома Трансфер зона Приоритетот на ПСЖ за ова лето е од Милан?

Приоритетот на ПСЖ за ова лето е од Милан?

Oд Франција пристигнуваат информации дека ПСЖ го означил Исмаел Бенасер од Милан како приоритет ова лето.

„Светците“ никогаш не го криеа интересот за 22 годишниот Бенасер, но сега наводно ќе тргнат во акција да стигнат до неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ќе потсетиме, Милан минатото лето го купи Бенасер од Емполи за 16 милиони евра, но само една година подоцна Алжирецот се проценува на 30+ милиони евра.

Неговата откупна клазула во Милано пак изнесува 50 милиони евра, но се верува дека таа ќе почне да важи од јуни наредната година.

На ПСЖ во меѓувреме му се брза, а управата на клубот го гледа Бенасер како клучент во „ремонтот“ во средниот ред и спремни се ова лето да потрошат сериозна сума за да го доведат во своите редови.

Сепак, оваа операција за ПСЖ сигурно нема да биде лесна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…