Во седиштето на УЕФА во Нион денес во 12 часот ќе се одржи ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите во фудбал и ова сигурно е настан кој привлекува внимание на фудбалската јавност.
Ова е една поинаква ждрепка поради новиот формат на најелитното европско натпреварување. Ограничувања нема, секој може да се падне со секого и како што е познато од претходно нема да се играат два натпревари туку по еден на неутрален терен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во четвртфиналето се веќе: Аталанта, Атлетико, Лајпциг и ПСЖ. Преостанатите четири учесници ќе бидат познати после реваншите на 7 и 8 август. Во борба за тие места: Баерн – Челзи (прв натпревар 3:0), Јувентус – Лион (0:1), Манчестер Сити – Реал Мадрид (2:1) и Барселона – Наполи (1:1).
Завршницата ќе се игра во еден вид на Ф8 турнир. Натпреварите ќе се играат на стадионите на Бенфика и Спортинг во Лисабон. Четвртфиналето ќе се одигра од 12 до 15 август, полуфиналето на 18 и 19 август додека финалето е закажано за на 23 август.
Ќе потсетиме веднаш по ждребот за Лигата на шампионите ќе следи и ждребот за Лигата на Европа.