Дома Фудбал Лига на шампиони Извлечени групите за ЛШ: Левандовски против Баерн, Халанд против Борусија, калчолигашите не поминаа добро!

Извлечени групите за ЛШ: Левандовски против Баерн, Халанд против Борусија, калчолигашите не поминаа добро!

После вчерашните плеј-оф натпревари денес беше одржан ждребот за групната фаза во Лигата на шампионите.

Секако внимание привлекува групата Ц каде што се најдоа Баерн и Барселона, а ова ќе значи и средба на Левандовски со својот поранешен клуб уште во првата сезона во Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Против својот поранешен клуб ќе игра и Анхел Ди Марија кој летово си замина од ПСЖ и сега во Париз ќе гостува со Јувентус. Во оваа група е и уште еден поранешен клуб на Ди Марија, Бенфика. Тешка група доби и Милан во повратничката сезона во ЛШ, „росонерите“ ќе играат во група со Челзи, Салзбург и Динамо на Адеми и Ристовски.

И Интер како Јувентус и Милан доби супер тешка група, „нероаѕурите“ за противници ќе ги имаат Баерн, Барселона и Викторија Плзен.

Интересно ќе биде и враќањето на Ерлинг Халанд со Манчестер Сити во натпреварот против Борусија Дортмунд. Со Сити и Борусија во група се уште Севиља и Копенхаген.

Елиф Елмас со Наполи ќе игра во група со Ајакс, Ливерпул и Ренџерс.

ГРУПА А: Ајакс, Ливерпул, Наполи, Ренџерс

ГРУПА Б: Порто, Атлетико Мадрид, Леверкузен, Клуб Бриж

ГРУПА Ц: Баерн Минхен, Барселона, Интер, Викторија Плзен

ГРУПА Д: Ајнтрахт, Тотенхем, Спортинг, Марсеј

ГРУПА Е; Милан, Челзи, Салзбург, Динамо Загреб

ГРУПА Ф: Реал Мадрид, Лајпциг, Шахтјор, Селтик

ГРУПА Г: Манчестер Сити, Севиља, Борусија Дортмунд, Копенхаген

ГРУПА Х: Пари Сен Жермен, Јувентус, Бенфика, Макаби Хаифа

Групната фаза поради Светското првенство во Катар треба да заврши за помалку од два месеци, па така првото коло коло е закажано за 6/7 септември, а последното 1/2 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ѓоковиќ изненади со својата изјава до кога сака да игра

Новак Ѓоковиќ во последно време не игра во најдобра форма, но сепак српскиот тенисер не ра…