Италијанските медиуми пренесуваат дека дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали го известил раководството дека сака да направи трансфер ова лето.
Сенегалскиот дефанзивец се очекува да го напушти „Сан Паоло“ ова лето, бидејќи има 29 години и сака да направи трансфер во клуб кој ќе се бори за најпрестижни трофеи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За него интерес покажуваат многу европски гиганти, а медиумите тврдат дека во моментов Кулибали е најблиску до трансфер во Премиер лигата.
ПСЖ долго време водеше преговори за негов трансфер, но „светците“ сметаат дека сумата која ја бара Наполи е превисока за нив во моментов.
Манчестер Јунајтед и Ливерпул се клубовите кои се најблиску до неговиот потпис во моментов.
? #Napoli – #Koulibaly vorrebbe provare una nuova esperienza: vuole vincere la Champions
— calciomercato.it (@calciomercatoit) July 9, 2020
? #CMITmercato https://t.co/3WOhjcMYwb