Дома Фудбал Зидан: Сметаме на Јовиќ за следната сезона

Зидан: Сметаме на Јовиќ за следната сезона

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес ги отфрли шпекулациите за трансфер на Лука Јовиќ и потврди дека ќе остане во клубот и следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јовиќ само што се врати од повредата, повторно е надвор од тимот бидејќи мора да биде во самоизолација откако имал контакт со заразен од коронавирус.

„Јовиќ не е со нас. Разговарав со докторот, ги следи препораките. Тој е многу добар фудбалер, кој постигнува многу голови, но е млад. Сметам на него и за следната сезона“, изјави Зидан, кој потврди дека Азар е спремен за игра.

„Азар не беше повреден, но имаше болки. Сега тренира нормално со остатокот од тимот и ќе биде спремен да ни помогне во преостанатите четири меча“, додаде Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус добил облог со Анчелоти: Ми кажа дека тоа е невозможно

Бразил славеше со 3:0 против Шкотска, осигурајќи го првото место во групата Ц и пласман во…