Дома Кошарка Ретко кој слушнал за него, а тој е втор најбогат кошаркар веднаш зад Мајкл Џордан

Ретко кој слушнал за него, а тој е втор најбогат кошаркар веднаш зад Мајкл Џордан

Сигурно не е голем бројот на кошаркарски фанови кои се сеќаваат на Улисес Ли Бриџман.

Ова име не значи ништо за пошироката јавност, а во минатото беше дел од трејдот во кој Карим Абдул Џабар се пресели во Лејкерси. Тој под прекарот „Џуниор“ беше избран за осми пик на драфтот во 70-тите години. Бакси токму во негова чест го повлекоа дресот со број 2.

Деновиве низ американските медиуми се рашири интересна приказна за неговото огромно богатство. Голем број НБА ѕвезди се познати по лошото раководење со парите, но Бриџман успеал да купи три ресторани на „Венди“ ланец кој тогаш не бил толку познат.

Додека играл кошарка тој се бработил во еден од нив. Денес неговата империја во САД брои 162 објекти, на тоа додаде и 120 ресторани за мексиканска храна и фабрика која полни „Кока-Кола“.

Богатството му се проценува на 600 милиони долари и тоа го прави втор најбогат кошаркар на сите времиња веднаш зад Мајкл Џордан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кој ги кочи засилувањата во Макаби? Диц возврати на обвинувањата на Гершон

Малцинскиот сопственик Ричард Диц негира дека го забавува ангажирањето нов кошаркар и тврд…