Дома Фудбал Meси вчера против Виљареал сруши личен рекорд во Ла Лига

Meси вчера против Виљареал сруши личен рекорд во Ла Лига

Лионел Меси и по рестартот на сезоната продолжи со одличните настапи, а вчера беше еден од најзаслужните за победата на Барселона на гости кај Виљареал од 1:4.

Меси не постигна гол, меѓутоа подели две асистенци на Суарез и Гризман. На тој начин тој испиша историја и постави личен рекорд по бројот на асистенции во Примера (19).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Претходниот рекорд беше 18 асистенции во сезоната 2010/11 и 2014/15, додека од оваа Аргентинецот е осамен на врвот.

Освен асистенциите Меси сезонава е и голгетерски располжен и со 22 гола прв стрелец во Ла Лига со пет повеќе од Бензема и шест од Морено од Виљареал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразил загуби, но сите зборуваат за оваа мајсторија: Погледнете како Роналдињо му асистираше на Адриано (Видео)

Легендите на Бразил беа поразени од легендите на Мексико со резултат 3:2 во пријателски на…