Манчестер Сити ова лето ќе прави големи промени во тимот, а приоритет на Гвардиола ќе биде засилување на одбраната.
Најновото име во списокот на Гвардиола е дефанзивецот на Марсеј, Бубакар Камара за кого „граѓаните“ се спремни да платат 30 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Централниот дефанзивец одигра солидна сезона до прекинот поради Ковид 19 и го привлече вниманието на повеќе гиганти ширум Европа.
Гвардиола верува дека со ангажманот на Камара ќе добие стабилност и брзина на централната бековска позиција.
Камара има 20 години,важи за огромен потенцијал, а силен интерес за него покажуваат уште Реал Мадрид и Милан.