Дома Фудбал Мурињо до Лампард: За некое време ќе сфати дека играме како што ни свират

Мурињо до Лампард: За некое време ќе сфати дека играме како што ни свират

Жозе Мурињо како поискусен во тренерската работа испрати порака до Френк Лампард.

ВАР многу често се наоѓа во центарот на вниманието поради грешките, а Лампард имаше предлог луѓето кои се во фудбалот да седнат и да разговараат, сепак Мурињо смета дека од тоа нема да има никаква корист.

„Френк е млад, за неколку години ќе разбере дека ваквите состаноци во текот на сезоната не значат многу. Тој сега мисли дека неговиот глас е важен, дека фудбалот го водат луѓе од фудбалот. Сепак, по некое време ќе сфати дека играме како што ни свират и мораме да ги прифатиме работите како што се“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ на 41 година не мисли на крај: Со Милан сака титула

Хрватскиот ветеран ја задржува желбата за фудбал, а по триумфот над Интер порача дека Мила…