Дома Топ вести Нејмар и ПСЖ постигнаа „џентлменски“ договор: Бразилецот може да се врати во Барса

Нејмар и ПСЖ постигнаа „џентлменски“ договор: Бразилецот може да се врати во Барса

И ова лето иднината на Нејмар повторно ќе биде главна тема на трансфер пазарот.

Бразилецот веќе подолго време инсистира да се врати во Барселона, а шпанскиот весник „АС“ открива интересни детали.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Имено, Нејмар направил договор со раководството на ПСЖ да го пушти во Барселона ова лето, доколку Каталонците испратат примамлива понуда.

За возврат, ПСЖ бараат Нејмар да биде целосно фокусиран на Лигата на шампионите и освојувањето на трофејот кој им недостасува во колекцијата.

ПСЖ за неговата слобода бара 170 милиони евра, а Барселона за да ја плати таа сума ќе се обиде да го продаде Осман Дембеле или Антоан Гризман.

Договорот на Нејмар со Пари Сен-Жермен завршува во 2022 година, така што ова лето би било последно во кое францускиот клуб би можел да врати голем дел од вложената сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…