Дома Фудбал Потезите јасно покажуваат: Овие двајца кај Зидан се „отпишани“

Потезите јасно покажуваат: Овие двајца кај Зидан се „отпишани“

Зинедин Зидан како и секој друг тренер има право да смета на сите играчи, меѓутоа во пракса тоа не е баш така.

„Марка“ пишува дека францускиот стратег дефинитивно отпишал две звучни имиња кои од следната сезона нема да настапуваат за Реал Мадрид. Тоа беше потврдено и во натпреварот против Гетафе.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со оглед на новонастаната ситуација во Примера се игра во многу згуснат распоред и додека Зидан дава прилика на сите, двајца констатно се на чекање.

Во  63. минута против Гетафе во игра влегоа Асенсио и Рориго и во тој момент „кралевите“ заиграа подобро. На трибините на „Алфредо Ди Стефано“ останаа Герет Бејл и Хамес Родригез. Одличните фудбалери изгледа како да не се опција за Зидан.

Бејл и Хамес после продолжувањето на Ла Лига добија по една прилика од првата минута, не ја искористија и Зидан очигледно не смета повеќе на нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал надигран од Бенфика и Мурињо и испадна од топ 8, дури и голман ги казни “кралевите”

Реал Мадрид одигра безобразен натпревар и загуби со 2:4 при гостувањето на Бенфика во натп…