Вчера како „бомба“ одекна веста од Каталонија дека Меси бил незадоволен и ги прекинал преговорите со Барселона за продолжување на договорот, денес имаме дополнување на оваа информација.
Според она што го објавија голем дел од медиумите на Островот Манчестер Сити ја следи ситуацијата и веќе имал контакт со Меси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно Меси започнал почетни преговори со газдите на Манчестер Сити, се тврди дека постојат реални шанси одново да се спои двоецот Гвардиола – Меси.
Кога се финансиите во прашање јасно е дека бројките ќе бидат огромни, меѓутоа за шеиците тоа сигурно нема да биде проблем ако Меси на крајот каже „да“. Сигурно дека за неговата плата би требало да издвојат најмалку 30-35 милиони евра по сезона.
Проблем во целата работа може да направи евентуалната забрана за Сити да игра во Лигата на шампионите, „граѓаните“ ја чекаат конечната одлука.
Останува да видиме дали овие најави на островските медиуми можат да станат реалност.