Германскиот репрезентативец Лерој Сане после четири сезони одлучи да го напушти Манчестер Сити.
Сане имаше уште една година од договорот со Сити, но одлучи среќата да ја бара во некој друг клуб. Овој 24-годишен играч се врати во Германија и вечерва потпиша договор со Баерн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој во Минхен пристигна синоќа, а утрово ги помина лекарските прегледи. Откако беа завршени сите процедури околу договорот Сане стави свој потпис на договор до летото 2025. година.
Сигурно е дека Сане ќе биде големо засилување за Баварците и ќе биде интересно да се види во каква форма ќе биде бидејќи долго време се опоравува од тешката повреда на коленото. Сити од неговиот трансфер ќе заработи околу 50 милиони евра.
CONFIRMED:
— Bavarian Tweets (@BavarianTweets) July 2, 2020
Leroy Sane has signed for Bayern until June 30, 2025! He's finally here! pic.twitter.com/kPvfVu3Gy3