Напаѓачот од Того Емануел Адебајор си замина од редовите на парагвајската Олимпија.
Искусниот фудбалер потпиша договор со овој тим во февруари годинава. Дочека беше како крал, но го напушти клубот после само четири одиграни натпревари во кои не се прослави.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Остана без гол на четирите одиграни натпревари, во еден натпревар доби црвен картон, а бидејќи во Парагвај се уште не знаат ништо за почетокот на сезоната одлучи да го раскине договорот.
Така од денес Адебајор одново е слободен играч, меѓутоа и понатаму има желба да ја продолжи кариерата. 36 годишниот напаѓач зад себе има богата кариера во која играше за тимови како Арсенал, Манчестер Сити, Тотенхем, Реал Мадрид…