Дома Трансфер зона Агентот потврди: Милан договори четврто засилување!

Агентот потврди: Милан договори четврто засилување!

Милан е еден од најактивните клубови во летниот преоден рок и ги потврдува амбициите да се врати на врвот на италијанскиот фудбал.

„Росонерите“ веќе официјално потврдија три засилувања, Мусакио, Кесие и Рокардо Родригез, а денес стигна потврда дека на пат за „Сан Сиро“ е четвртото засилување.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Имено, десниот бек на Аталанта и едно од најглемито откритија во Серија А оваа сезона, Андреа Конте е на чекор да го облече црвено-црниот дрес.

Агентот на италијанскит репрезентативец потврди дека постигнал комплетен договор со раководството на Милан, па сега останува уште двата клуба да се договорат.

Аталанта за неговата слобода бара 24 милиони евра, додека Милан е спремен да плати 20 милиони. Медиумите се оптимисти дека во наредните денови трансферот ќе биде договорен со вклучување на бонуси.

Конти е млад италијански репрезентативец, игра на позиција десен бек, а оваа сезона постигна 8 гола во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја сака ѕвездата на Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…