Беневенто од наредната сезона ќе игра во Серија А.
„Вештерките“ првото место во втората лига го обезбедија на седум кола пред крајот што на никој му успеало уште од 1978 година кога истиот подвиг го направи Асколи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За да го избегне кошмарот од сезоната 2017/2018 кога клубот остана закован на дното на табелата во Серија А веќе Беневенто се припрема за новата сезона и со овој клуб се поврзуваат познати имиња.
Како желби на Беневенто од претходно се споменуваат Марек Хамшик, Даниел Стариџ, Фернандо Љоренте, а Џанлука Ди Марцио тврди дека на нивниот радар е и Андре Шурле.
Поранешниот фудбалер на Челзи се врати во Борусија Дортмунд после позајмицата во Спартак, но бидејќи не е во плановите на „милионерите“ наводно и Германецот не би имал ништо против Германија да ја замени со Италија.