Без оглед на тоа што Ливерпул вчера и математички ја освои титулата во Премиер лигата до крајот на сезоната ќе има мотив за што да игра.
Ливерпул до крајот на сезоната е во прилика да собори неколку рекорди. Прво, тоа е рекордот од сезоната 2017/2018 на Манчестер Сити кога „граѓаните“ ја освои титулата со 19 бодови предност пред второпласираниот тим. Ливерпул во овој момент има 23 бода предност и ако ја задржи до крајот или остане барем на 20 повеќе ќе го собори овој рекорд.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Понатаму тука е рекордот за кој Ливерпул треба да забележи уште пет победи и да постави рекорд по број на победи во една сезона. „Црвените“ во овој момент имаат 28 бодови, додека Сити кој исто така го држи во овој рекорд, пред две години оствари 32 победи.
И уште еден рекорд постави Сити. Исто така пред две години, Манчестер Сити сезоната ја заврши со 100 бодови, а ако Ливерпул победи на сите седум натпревари до крајот ќе има 107.
За крај рекордот кој звучи малку неверојатно. Ливерпул до сега има максимален учинок на домашен терен и ако ги добие сите до крајот ќе има рекордни 19 победи од 19 натпревари. До сега три клуба успеаа да остварат по 18 победи дома. Ливерпул дома до крајот на сезоната игра против Астон Вила, Барнли и Челзи.