Дома Фудбал Англија Клоп: Пеп го кажал тоа? Тогаш треба да игра покер

Клоп: Пеп го кажал тоа? Тогаш треба да игра покер

Ливерпул вчера го прегази Кристал Палас со 4:0 и дојде на чекор од титулата на која чека 30 годоини.

Тимот на Јирген Клоп ќе може да слави уште вечерва ако Сити на гости не го победи Челзи. Тоа може да се случи многу лесно затоа што Пеп Гвардиола најави дека вечерва ќе одмара некои од клучните играчи затоа што во недела ги чека четвртфинале во ФА Купот против Њукасл.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Агуеро е повреден и единствен вистински напаѓач кој Пеп го има на располагање е Габриел Хесус. Тој сепак ќе остане на клупата, а Гвардиола најави дека во нападот ќе играат Бернардо Силва или пак дури и Илкај Гундоган.

„На сите во мислите ни е натпреварот со Њукасл. Секако дека важен ни е и натпреварот Челзи, но ФА Купот е сепак ФА Куп. Мислам на тој натпревар и ќе го ротираме составот“, изјави Гвардиола.

Клоп беше запрашан да ја прокоментира неговата изјава и Германецот тоа го направи во негов стил.

„Тоа го кажал Пеп? Тогаш би требало да игра покер“, изјави Клоп па го пофали својот ривал.

„Никој не го почитува Сити како јас. Ми се допаѓа како играат. Ние сме целосно поинакви и мораме да бидеме различни. Фудбалот се игра на различни начини, а мене ми се допаѓаат и нивниот и нашиот стил“, изјави Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Србите не го чекаа исходот од ЕП – Пикси доби нов договор!

Драган Стојковиќ Пикси потпиша нов договор со Фудбалскиот сојуз на Србија и ќе остане селе…