Идината на Алваро Мората во Реал Мадрид е под знак прашалник бидејќи фудбалерот не е задоволен до својот статус на „Сантиаго Бернабеу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Агентот на Мората, Хуанма Лопез за медиумите изјави дека напаѓачот сеуште не донесол конечно решение за својата иднина и потврди дека постои голем интерес од многу европски клубови.
„Не знам дали Мората ќе остане во Реал. Клубот имаше извонредна сезона, освои многу трофеи, но лично Алваро не е задоволен од својата сезона. Сака да игра повеќе и да игра во клуб каде што ќе има важна улога“, потврди агентот.
„Постои силен интерес од Милан, но и од неколку други клубови. Тоа е нормално, со оглед на фактот дека станува збор за одличен фудбалер. Се уште немаме донесено одлика, но во следните деновиќе имаме состанок со раководството на Реал и ќе донесеме конечна одлука“, додаде агентот на Мората.