Дома Останати Тенис Дино Раѓа го брани Ѓоковиќ: Фрлате сра*е кон него, а тој направи се да и помогне на Хрватска

Дино Раѓа го брани Ѓоковиќ: Фрлате сра*е кон него, а тој направи се да и помогне на Хрватска

Деновиве главна тема во медиумите е „Адрија Тур“ турнирот кој го органзиираше Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ добива огромен број критики за одлуката во овој период да организира таков собир на луѓе. Турнирот беше прекинат кога Бугаринот Димитров потврди дека е заразен со Ковид-19, по него позитивни беа уште неколку тенисери меѓу кои и самиот Ѓоковиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од оние кои се во помал број и кои го баранат Ѓоковиќ е легендарниот кошаркар Дино Раѓа.

Неверојатна количина на с*ање беше фрлено врз Ѓоковиќ овие денови, вистински натпревар кој повеќе ќе се по*ере. Човекот направи сѐ за да ѝ помогне на Хрватска да се промовира во светот и да спаси барем дел од летната сезона. Сигурно е дека имаше грешки, но во прв ред од Димитров и од организаторот, а потоа од учесниците. Ништо подобри не сме ние Хрватите, кои не носиме маски ниту држиме дистанца, но најлесно е за сопствените проблеми да удриме по Новак. Тоа што се случи треба да ни биде за памет и предупредување дека вирусот е меѓу нас и дека треба сериозно да се сфати. И дека без разлика на статусот и на богатството, сите еднакво сме подложни на зараза со Ковид-19“, напиша меѓу другото Раѓа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Чичкото на Надал предизвика бурни реакции со изјавата за Ѓоковиќ, Рафа и Федерер

Тони Надал, поранешниот тренер и чичко на познатиот шпански тенисер Рафаел Надал, крена го…