Дома Фудбал Англија Гендузи ги навредувал играчите на Брајтон: Вие сте сра*е, цел живот нема да заработите колку мене!

Гендузи ги навредувал играчите на Брајтон: Вие сте сра*е, цел живот нема да заработите колку мене!

Фудбалерите на Арсенал во саботата доживеаа неочекуван пораз на гости против Брајтон, а овој натпревар го обележа и дуелот на Гендузи и Мапеј.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искрите започнаа кон крајот на првото полувреме кога Бернд Лено ги скина лигаментите после дуелот со Мапеј. Овој играч до крајот на натпреварот беше мета на играчите на Арсенал кои вербално го навредуваа.

Но, токму Мапеј во последните секунди постигна гол за пресврт и победа на Брајтон од 2:1. Конфликтот со играчите на Арсенал го продолжи и после натпреварот.

Во главна улога беше Матео Гендузи кој одлучи физички да се пресмета со овој играч. Прво го фати за врат и го турна, а потоа се вклучија и останатите играчи.

Играчите на Брајтон после натпреварот открија дека францускиот играч се обидел да ги навредува на разни начини.

„Вие сте обично сра*е, заработувам повеќе отколку што вие ќе заработите во целиот живот“, им зборувал Гендузи на фудбалерите на Брајтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Џака бил бесен на соиграчите: Ако играме вака, ќе се вратиме дома по три натпревари!

Катар своето прво учество на светските првенства го осигура како домаќин, но нивниот дебит…