Дома Фудбал Италија Mихајловиќ: Турканици пред голот секогаш има, Јувентус најде судија кој тоа ќе го досуди

Mихајловиќ: Турканици пред голот секогаш има, Јувентус најде судија кој тоа ќе го досуди

Јувентус вчера ја победи Болоња во натпревар од Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Старата дама“ славеше со 0:2, а головите за клубот од Торино ги постигнаа Кристиано Роналдо и Паоло Дибала.

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ смета дека неговиот тим бил оштетен кога се досуди најстрогата казна која ја реализираше Роналдо.

„Пред голот секогаш има турканици, пенал во таква ситуација секогаш може да има. Штета е што мора да го чекаме Јувентус за да го пронајде судијата кој тоа ќе го досуди како пенал. Имало многу слични ситуации во кои не сме добиле пенал“, изјави Михајловиќ по натпреварот.

Со победата против Болоња Јувентус се зацврсти на првата позиција со 66 освоени бодови, четири повеќе од Лацио кој утре игра со Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Турците може само да сонуваат, познато е каде ќе игра Фоден!

Фил Фоден го продолжи договорот со Манчестер Сити до летото 2030 година. Како ПАМЕТНО да т…