Дома Останати Димитров позитивен на корона, вчера играше натпревар во Задар

Димитров позитивен на корона, вчера играше натпревар во Задар

Тенискиот свет е во шок. Григор Димитров денес потврди дека е позитивен на КОВИД 19.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа што загрижува повеќе е фактот бугарскиот тенисер вчера играше натпревар против Борна Чориќ во Задар во склоп на „Адриа Тур“.

Поради тоа денес е одложено финалето на „Адриа Тур“ помеѓу Ѓоковиќ и Рубјев кое требаше да се игра вечерва.

„Здраво на сите. Морам со жалење да ве известам дека сум позитивен на КОВИД-19! Сакам да ги известам сите оние кои биле во контакт со мене во последните денови да се тестираат. Жал ми е што ги загрозив сите со кои бев во контакт“, напиша Димитров на Инстаграм.

Димитров минатиот викенд беше во Белград и покрај на тенискиот турнир учествуваше уште на неколку приватни настани заедно со Ѓоковиќ, Домониќ Тим, Александар Зверев и многу други тенисери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Русија има „чудо од дете“: Љутова на 16 години го подигна трофејот во Мемфис

Руската тенисерка Кристина Љутова денеска го освои првиот ВТА трофеј во кариерата, откако …