Дома Топ вести „Бомба“ од Германија: Алаба се сели во Серија А

„Бомба“ од Германија: Алаба се сели во Серија А

Иднината на Давид Алаба во Баерн Минхен е несигурна бидејќи договорот на играчот ситекува во 2021 година.

Алаба влезе во последната година од договорот, а се уште нема најави за негово продолжување, па би можел да ја промени средината ова лето.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Баерн не сака да го загуби 27-годишниот Австриец како слободен агент, па затоа сака да го продаде ова лето.

Интерес за Алаба покажуваа Реал Мадрид и Барселона, но германските медиуми тврдат дека сега во трката за неговиот потпис се приклучил и Јувентус.

Интересот на „бјанконерите“ е најконкретен и тие веќе стапиле во контакт со неговиот агент, а со оглед дека имаат одлични односи со Баерн се очекува брзо да стигнат до договор.

Сари го сака Алаба бидејќи е пооливалентен и може да игра на повеќе позиции во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Премиерлигашите се „тепаат“ за голгетерот на Спортинг

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…