Дома Фудбал Останато Денот кога на „Маракана“ настана најпознатиот пенал во историјата (ВИДЕО)

Денот кога на „Маракана“ настана најпознатиот пенал во историјата (ВИДЕО)

Aндонин Паненка не можеше ниту да претпостави во 1976 година дека на тој начин ќе го запише своето име во историјата на фудбалот.

На денешен ден пред 44 години во натпреварот помеѓу Западна Германија и Чехословачка на стадионот на Црвена Звезда настана најпознатиот пенал во светот – паненка!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Овој шут кој бара и тоа како техничка поткованост тогаш премиерно беше изведен на „Мараканa“ и го доби името по човекот кој го измисли, репрезентативецот на Чехословачка Андонин Паненка.

Имено, Германија и Чехословачка во финалето на Купот на Нации пред околу 30.000 навивачи одиграа без победник после 90 минути (2:2). И тоа откако Германците губеа со 2:0, за потоа во 89. минута да дојдат до изедначување.

Следуваа прдоолженија во кои немаше голови. Во пенал серијата при резултат 3:3 во четвртата серија Ули Хенес шутираше над голот. Топката на белата точка тогаш ја намести Паненка, а останатото е историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…