Дома Останати Волкановски сака борба со Кабиб: Незапирлив сум!

Волкановски сака борба со Кабиб: Незапирлив сум!

Австралиецот кој има македонско потекло Александар Волкановски ќе има прилика да се бори на „Островот на борбите“ против Макс Холовеј, а преку социјалните мрежи Волкановски порача дека сака борба против шампионот во лесна категорија Кабиб Нурмагомедов.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За себе Волкановски си кажа дека е незадржлив и сака борба со Кабиб.

„Опција дефинитивно постои. Во овој момент треба да бранам појас. Нормално дека имам почит за Кабиб, тој е еден од најдобрите. Но, јас сум незапирлив, тешко е да ме задржите, скоро и невозможно. Секој борец сака да се покаже во својата категорија, па така и јас во лесна“, изјави Волкановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…