Дома Фудбал Англија Критики за Де Геа и Мегваер: Треба да се засрамат од тоа како играа

Критики за Де Геа и Мегваер: Треба да се засрамат од тоа како играа

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин денес работи како стручен коментатор на „Скај Спорт“ и го анализираше вчерашното реми на Тотенхем и Манчестер Јунајтед (1:1).

Јунајтед во Лондон едвај извлече бод, со голот од пенал на Бруно Фернандеш во 81. минута. Кин посебно беше лут на Де Геа кој прими необичен гол по шутот на Брајтвајт.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Шокиран сум поради тој гол. Сум видел многу работи во фудбалот, но болно е да се прими таков гол. Не можам да верувам дека тоа му се случи на Манчестер Јунајтед. На Мегваер и Де Геа не би им дозволил да влезат во автобус по натпреварот, ќе се враќаа со такси во Манчестер. Треба да им биде срам поради тоа како одиграа“, порача Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мудра игра на Арсенал ја зачува предноста од првиот натпревар и ги испрати лондончаните во полуфиналето

Арсенал ќе игра во полуфиналето на Лигата на шампионите втора година по ред! Ова стана фак…