Италија е земја која минуваше низ тешки денови поради коронавирусот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Сега ситуацијата е подобра, но не може да се каже дека е минато. Наполи во средата го победи Јувентус во финалето од Купот на Италија, а по победата во Неапол следуваше голема прослава на навивачите доцна во ноќта.
Сликите од прославата стигнаа и до Светската здравствена организација во која се разочарани од случувањата во Неапол. За јавноста зборуваше заменик директорот на СЗО Раниери Гуера.
„Мизерија. Не знам што да кажам, боли кога се гледаат вакви слики“, изјави Гуера.