Дома Фудбал Рашфорд и Погба спремни за Тотенхем, но Солскјер нема да може да смета на двајца фудбалери

Рашфорд и Погба спремни за Тотенхем, но Солскјер нема да може да смета на двајца фудбалери

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Соскјер изјави дека нема да може да смета на двајца фудбалери за утрешното дерби со Тотенхем.

Станува збор за Фил Џонс и Алекс Туанзебе, но добрата вест е што сите останатите се здрави и ќе му бидат на располагање на Солскјер.

Пол Погба и Маркус Рашфорд се рехабилитираа од повредите и ќе бидат спремни за дербито со Тотенхем.

„Маркус и Пол немаат играно долго време. На располагање се, но ќе видиме колку долго можат да играат“, потврди Солскјер.

На крајот Солскјер откри дека 19-годишниот Анхел Гомес може да потпише нов договор и дека клубот е во интензивни преговори со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл испрати скаути во Полска: На радарот е 20-годишен лев бек

Јакуб Кжижановски од Висла Краков го привлече вниманието на Њукасл, но неговиот договор до…