УЕФА го избра новиот формат за завршницата на Лигата на шампионите.
Завршницата на најелитното европски натпреварување ќе се одржи во во Лисабон, а натпреварите од четвртфиналето, полуфиналето и финалето ќе се играат на ва стадиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лигата на шампионите ќе продолжи на 8. август кога ќе се одиграат преостанатите реванш натпревари од осминафиналето: Сити – Реал, Барселона – Наполи, Баерн – Челзи и Јувентус – Лион.
Потоа осум тимови ќе се префрлат во Лисабон. Четврфиналето ќе се игра помеѓу 12. и 15. август на стадионот Жозе Алваладе и Да Луж.
Полуфиналето се планирани за 18. и 19. август, додека финалето ќе се игра на 23. август на е Де Луж.
Лигата на Европа ќе продолжи на 5. и 6. август. Тогаш ќе се добијат учесниците во осминафиналето после што ќе следи завршница со осум тима во Германија од 15. август. Финалето е во Келн на 21. август.
Европскиот Суперкуп ќе се одржи на 24. септември во Будимпешта.