Дома Фудбал Англија Изјавата на Артета за Давид Луиз ги налути навивачите на Арсенал

Изјавата на Артета за Давид Луиз ги налути навивачите на Арсенал

Навивачите на Арсенал се надеваа дека некои играчи ќе заминат по крајот на сезоната, а еден од нив е Давид Луиз, кој пристигна во Арсенал од Челси.

Имено, според навивачите на Арсенал, неколку играчи на клубот не прикажуваат добри игри, а еден од нив е и Бразилецот Луиз.

Сепак, така не размислува и тренерот Арсенал, Микел Артета, кој изјави дека се надева дека овој играч ќе го продолжи договорот.

„Задоволен сум од Давид Луиз. Сакам да го задржиме овде со нас. Имаше клучна улога од моментот кога пристигнав тука.“ – изјави Артета.

Наводно, Арсенал и Луиз се многу блиску до продолжување на договорот на уште една сезона, што секако нема да и се допадне на навивачите на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Артета го плати „скапо“, а сега му е преку глава: Веќе преговара со четири клуба!

Ситуацијата која последниве недели се развива на Емирејтс очигледно воопшто не му се допаѓ…