Дома Трансфер зона Рамзи го напушта Јувентус после само една година

Рамзи го напушта Јувентус после само една година

Арон Рамзи ова лето пристигна во Јувентус како големо засилување, но може да си замина од Торино после само една сезона, пренесува „Тутоспорт“.

Велшанецот не е задоволен од статусот кој го има кај тренерот Маурицио Сари и малата минутажа која ја добива, па сериозно размислува да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од друга страна пак тренерот на Јувентус нема ништо против да го пушти Рамзи и така да се ослободи од неговата висока плата.

Поранешниот играч на Арсенал минатото лето беше слободен агент и поради оваа причина му беше обезбедена прилично висока плата, во висина од 400.000 фунти неделно.

За Велшанецот интерес покажуваа неколку клубови од Премиер лигата, меѓу кои најсилен е интересот на Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Ни…