Aнглиските тимови од Премиер лигата и Чемпионшип се спремаат за продолжување на сезоната, а добија дозвола и да играат пријателски натпревари без публика.
Зад затворени врати на „Вила Парк“ беше одигран пријателски натпревар помеѓу Астон Вила и ВБА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот заврши со резултат 2:2, а натпреварот го обележи одличниот гол на капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш.
Грилиш ги постави конечните 2:2 откако претходно си поигра со одбраната на ВБА и елегантно го префрли голманот на противничкиот тим.
Инаку, Грилиш овие денови се поврзува со Манчестер Јунајтед и се шпекулира дека „црвените ѓаволи“ за него се спремни да платат 80 милиони евра.