Раководството на Њукасл започнало преговори со Барселона за Филипе Кутињо, пренесуваат шпанските медиуми.
Њукасл во наредните недели и официјално ќе премине во рацете на нови соптвеници од Саудиска Арабија, кои најавуваат големи инвестиции и изградба на силен тим.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради тоа сакаат да ја искористат ситуацијата со Филипе Кутињо и нема да жалаат пари за да го донесат на „Сент Џејмс Парк“.
Баерн Минхен и официјално потврди дека нема да го откупи Бразилецот, а Њукасл е единствен клуб кој е спремен да плати 100 милиони евра за неговиот потпис.
Претставници на Њукасл веќе стапиле во контакт и со неговиот агент, Киа Јорабчијан, кој не крие дека Бразилецот сака да се врати во Премиер лигата.