Дома Фудбал Останато „Тиаго Силва беше преплатен и плачеше за нов договор“

„Тиаго Силва беше преплатен и плачеше за нов договор“

Франциските медиуми пред неколку дена и официјално потврдија дека ПСЖ нема да му понуди нов договор на Тиаго Силва.

Искусниот Бразилец е слободен да си бара нов клуб, а ПСЖ реши да се ослободи од капитенот и од неговата висока плата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тиаго Силва пристигна во ПСЖ во 2012 година и беше еден од најплатените фудбалери во тимот со 12 милиони евра по сезона.

Поранешниот играч на ПСЖ, Жером Ротен „удри“ по Бразилецот и смета дека е преплатен и преценет фудбалер.

„Тој никогаш не беше како Серхио Рамос или Ван Дијк. Навистина е добар игра, но ментално не е толку силен. Кога плаќате толку многу за еден играч, мора да очекувате дека ќе ги направи и останатите подобри. Никаде не би заработил пари како што зеде во Париз“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонија оваа сезона ќе има единствен претставник во ЛШ!

Лигата на шампионите стартува денеска, а Македонија и оваа сезона ќе има еден свој претста…