Легендарниот швајцарски тенисер, Роџер Федерерќе го пропушти останатиот дел од 2020 година бидејќи мора да оди на операција на десното колено.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Швајцарецот во февруари имаше една операција, сега за кратко време и втора па навивачите стравуваат дека може да биде крај на кариерата.
„Драги фанови, се надевам дека сте добри и здрави. Пред неколку недели, за време на мојата рехабилитација, се чувствував добро и ќе мора да направам операција на десното колено. Планирам да се вратам 100 проценти здрав, за да можам да продолжам да играм на највисоко ниво. Ќе ми недостасуваат моите фанови и турнири, но оптимист сум за 2021 година“, напиша Роџер Федерер на социјалната мрежа.
— Roger Federer (@rogerfederer) June 10, 2020