Дома Фудбал Италија Галијани: Не го предадов Милан кога дојдов во Монца

Галијани: Не го предадов Милан кога дојдов во Монца

Поранешниот директор на Милан Адријано Галијани смета дека не го предал Милан кога се придружил на Монца, екипа која е во сопственост на Силвио Берлускони и која избори промоција во Серија Б.

Монца има големи планови и сака во Серија А, а познавајќи го тандемот Берлускони – Галијани можеме да очекуваме големи работи. Своевремено овој тандем го предводеше Милан во најславните денови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Со тоа што дојдов во Монца не го предадов Милан. Пред да одам во Милано бев во Монца и сега само се вратив на екипата од својот град. Никогаш не сум размислувал за друга екипа освен Милан, но со Монца е поинаку, тоа е тим од мојот град“, изјави Галијани.

Галијани беше запрашан како ќе му биде ако Монца еден ден заигра во Серија А против Милан.

„Наша цел е прво да се пласираме, ако се пласираме тогаш можеме да зборуваме за ова“.

Поврзувањата на Ибрахимовиќ со Монца?

„Ја одржувам врската со Ибрахимовиќ, тој е мој стар пријател. Но тоа е невозможно. Проблем се и правилата. Во Серија Б постои ограничен број играчи кои може да ги има еден тим родени после 1997 година“, додаде Галијани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…