Уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани ова лето веројатно ќе го промени клубот бидејќи му истекува неговиот договор со ПСЖ, а сега имаше една активност која ретко кој фудбалер ја практикува.
Кавани во ПСЖ пристигна летото 2013 година од редовите на Наполи и тоа се покажа како одличен потег. Овој 33 годишник стана најдобриот стрелец на ПСЖ со 200 голови на 301 натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, одлучи на крајот на оваа сезона да го напушти клубот по истекот на неговиот договор, според пишувањето на француските медиуми кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.
Сезоната во Франција уште на почетокот на мај беше прекината и фудбалерите се на принуден одмор скоро три месеци. Кавани одлучи да отпатува во Уругвај за да помине повеќе време со семејството.
Изгледа дека враќањето дома и тоа како му годи и во целост се одморил од сите фудбалски случувања. На друштвените мрежи се појави видео од Кавани како шиша овци.
Edinson Cavani vit actuellement sa meilleure vie en Uruguay. ??
— BeFoot (@_BeFoot) June 9, 2020
?: @CentralLanera pic.twitter.com/2NTgD1tVSD