Дома Фудбал Рома мора да се откаже од тројца играчи за да го донесе Педро

Рома мора да се откаже од тројца играчи за да го донесе Педро

Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Педро ова лето ќе го напушти Челси и дека кариерата ќе ја продолжи во Рома.

Поранешниот играч на Барселона уште од поодамна истакна дека го напушта Стемфорд Бриџ. Наводно, Педро веќе одлучил кариерата да ја продолжи во Рома и веќе договорил соработка со римскиот клуб.

Педро со Волчицата ќе потпише двегодишен договор со опција истиот да го продолжи на уште една година. Сепак, иако ќе стигне како слободен играч во Рома веќе се соочуваат со проблеми.

Имено, клубот ќе мора да се откаже од неколку играчи за да ја обезбеди платата која ја договориле со Педро. Наводно, тоа нема да им биде проблем бидејќи веќе отпишале тројца играчи.

Во Рома одлучиле Пасторе, Хесус и Флоренци да го напуштат клубот ова лето со што ќе се ослободи простор во буџетот и Педро може слободно да се пресели во Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Џевад Прекази: Југословенскиот фудбал остана без уште една легенда

Џевад Прекази почина на 70-годишна возраст. Само неколку дена претходно зборуваше за карие…