Дома Трансфер зона Милинковиќ – Савиќ се договори со ПСЖ

Милинковиќ – Савиќ се договори со ПСЖ

Сергеј Милинковиќ-Савиќ оваа сезона повторно блеска и е еден од најзаслужните за добрите игри на Лацио, па повторно почна да се шпекулира за негов трансфер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо веќе стапил во контакт со агентот на Сергеј, Кежман и започнал преговори за трансфер на Србинот во Париз.

ПСЖ се обиде да го доведе Савиќ и пред две години, тогаш Лацио за него бараше 100 милиони евра, меѓутоа сега поради финансиската криза цената на фудбалерите падна.

Последните информации се дека СМС ги договорил личните услови со ПСЖ, па останува уште двата клуба да ја договорат отштетата.

Првата понуда на „светците“ од 60 милиони евра беше одбиена, бидеќи Лацио бара 80 милиони евра, па се очекува наскоро двата клуба да ја „испеглаат“ разликата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…