Дома Фудбал Италија Бонучи: Роналдо е шампион, не престанува да не изненадува

Бонучи: Роналдо е шампион, не престанува да не изненадува

Стоперот на Јувентус, Леонардо Бонучи во италијанските медиуми зборуваше за формата на Кристиано Роналдо по враќањето на тренинзите од карантинот.

Играчите подолго време беа без обврски поради коронавирусот и во домашни услови мораа да ја одржуваат формата со цел да бидат спремни кога истата ќе продолжи.

Бонучи е импресиониран од мотивот и желбата за работа на Роналдо.

„Во каква форма дојде Роналдо? Во иста каква што беше претходно. Тој е неверојатен професионалец, ми кажа што се правел во карантинот за да остане во форма. Не престанува да не изненадува, Роналдо е вистински шампион“, изјави Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Годин за ситуацијата со Алварез: „Кога ќе каже дека сака да си замине, за навивачите е како нож во срце“

Поранешниот уругвајски репрезентативец Диего Годин ја коментираше ситуацијата околу Хулија…