Дома Фудбал Мурињо спрема богатство за талентираниот Португалец

Мурињо спрема богатство за талентираниот Португалец

Жозе Мурињо има големи планови со Тотенхем за наредната сезона, а токму според нив ќе го составува тимот.

Мурињо има една голема желба, а станува збор за фудбалерот на Волвс, Рубен Невес.

Овој млад фудбалер со своите игри го привлече вниманието на фудбалските гиганти и веќе за неговиот потпис се борат голем број клубови.

Волвс тешко дека ќе може да го задржи, освен ако токму тој не сака да остане или ако не дојде понуда од некој клуб во кој сака да замине.

Мурињо веќе неколку пати ги следел игрите на својот сонародник и останал фасциниран, па побарал од клубот да го донесат.

Невес има договор со Волвс до летото 2023. година, а веројатно клубот добро ќе профитира доколку се одлучи за продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Џевад Прекази: Југословенскиот фудбал остана без уште една легенда

Џевад Прекази почина на 70-годишна возраст. Само неколку дена претходно зборуваше за карие…