Дома Кошарка Мајкл Џордан донира 100 милиони долари!

Мајкл Џордан донира 100 милиони долари!

Majкл Џордан одлучи да донира дури 100 милиони долари во разни организации.

Џордан преку својот познат бренд во наредните 10 години ќе уплати 100 милиони долари на сметката на организации посветени на борбата за расна еднаквост, социјална праведност и образување.

Оваа донација дојде после жестоките протести во САД кои следеа после настанот со Џорџ Флојд од страна на полицијата. Имаше и големи нереди, а осуди стигнаа од сите страни.

Протестите на улица го привлекоа вниманието на голем број познати спортисти. Скоро сите се најдоа на улиците и бараат еднаквост, а протестите се водат под паролата: „Black Lives matter“.

Со овој потег Џордан потврди дека му значи еднаковста и истите права за сите и сигурно дека оваа донација добро ќе дојде на организациите во наредните години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јасикевичиус удри по Фенербахче: Големите имиња не нè прават тим!

По поразот од Реал со 96-77, тренерот на Фенербахче ја посочи претераната индивидуална игр…