Дома Фудбал Агентот тврди: Дембеле нема да оди никаде!

Агентот тврди: Дембеле нема да оди никаде!

Агентот на ѕвездата на Барселона, Осман Дембеле тврди дека неговиот клиент сигурно ќе остане на „Камп Ноу“ ова лето.

Се посилни се шпекулациите дека Французинот ќе ја напушти Барселона ова лето. Медиумите тврдат дека Каталонците сакаат да го продадат или да го вклучат во трампата за Миралем Пјаниќ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Дембеле се рехабилитира од повреда и нема да се врати до крајот на оваа сезона, но интерес за него покажуваат неколку европски гиганти.

Сепак, неговиот агент Муса Сисоко тврди дека Дембеле сигурно останува во Барселона.

„Не мислам дека Дембеле ќе ја напушти Барселона во летниот трансфер пазар. Како што стојат работите тој нема да оди никаде“, изјави агентот за „Екип“.

Дембеле оваа сезона одигра едвај 9 меча за Барселона бидејќи постојано има проблем со повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…