Tри холандски екипи ќе добијат одредена сума на пари откако Барселона ја исплати првата „рата“ бонус за Де Јонг.
Тој минатото лето за 75 милиони евра премина од Ајакс во Барселона која на холандскиот клуб би можела да му исплати уште 11 милиони евра преку бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според, „Мундо Депортиво“ Барселона првиот дел од бонус веќе легнал на сметката на Ајакс и станува збор за бројка од 2.3 милиони евра.
Интересно е дека дел од бонусот ќе добијат и екипите на Вилем и Валвик кој имаа свој удел во развојот на Де Јонг.
Во првата сезона Де Јонг за Барселона одигра 37 натпревари, постигна два гола и подели четири асистенции.